Силен земјотрес во Јапонија
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран крај бреговите на Јапонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
| Крсте Голабовски | Свет
презентер
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран крај бреговите на Јапонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Засега нема информации за жртви и причинети материјални штети.
Силниот земјотрес бил со епицентар на 165 километри северозападно од Наха – главниот град на префектурата Окинава.
Потресот бил на длабочина од 138 километри.
Околу една петтина од најсилните земјотреси во светот се случуваат во Јапонија и во регионот.
{loadposition content9}