Skip to main content

Силен земјотрес ја погоди Нова Гвинеја

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер изутринава го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја.

 |  Голабовски Крсте  | 
karta
карта

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер изутринава го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени и нема прогласена опаснсот за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 19 километри од градот Аитапе.

kartaГеофизичкиот центар на Папуа Нова Гвинеја во главниот град Порт Морсби објави дека потресот бил почувствуван и во Ванимо, на околу 145 километри од епицентарот.

Пацифичкиот центар за рано предупредување од цунами соопшти дека нема поголема опасност од појава на цунами, истакнувајќи дека земјотрес со оваа сила сепак може да предизвика големи бранови во радиус од 100 километри од епицентарот.

{loadposition content9}