Skip to main content

Широки Бријег

Силен земјотрес во БиХ

Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува EMSC.
 |  инфодеск  | 
Земјотрес Бих

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во цела Босна и Херцеговина.

Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Широки Бријег, а земјотресот бил почувствуван во Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница, како и во Макарска, Тучепи и Плоче.

Се почувствува и кај нас – јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.

Засега нема информации за евентуални штети или повредени.