Skip to main content

4,6 степени според рихтеровата скала

Силен земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотресот бил почувствуван во Завидовиќ, Травник и други места во овој регион. Засега нема информации за евентуално повредени лица и за причинетата материјална штета.
 |  инфодеск  | 
Земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.

Земјотресот бил почувствуван во Завидовиќ, Травник и други места во овој регион. Засега нема информации за евентуално повредени лица и за причинетата материјална штета.

Сведоштвата на граѓаните, како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина, околу потресот се различни. Додека едни велат дека земјотресот бил силен и траел кратко – неколку секунди, други тврдат дека почувствувале благо тресење на земјата.

Во Травник… Затресе и траеше околу пет секунди. Се почувствува како доаѓa – напишал жител на градот на социјалните мрежи.

Добро ја застресе заградата во Завидовиќ. Траеше кратко, секунда-две – напишал друг жител, пренесува „Дневни аваз“.