Skip to main content

Силна снежна бура демне над Северна Европа

На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со  обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.

 |  Голабовски Крсте  | 
prognoza
прогноза

На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со  обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.

ПарисВо Велика Британија на одделни места во земјата ветровите можат да достигнат јачина и до 145 километри на час, а најтешка ќе биде ситуацијата во северна и западна Шкотска.

Во текот на денот се очекува и Северна Германија да ја зафатат силни ветрови со 140 километри на час.
Се очекува најтешко погоден да биде реонот на Хамбург. Таму аеродромот веќе ги предупреди патниците за евентуални доцнења и откажувања на летови.

Во очекување на бурата се и делови на Белгија, Франција и Холандија, а метеролозите велат дека водата во Северно Море може да се покачи на рекордно ниво за последните 30 години.

{loadposition content9}