Ветар со над 100 км на час
Силно невреме во Словенија
Силно невреме со ветар од над 100 км на час во Љубљана. Бурата оттаму се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми.
Силно невреме вчера ја зафати Словенија. Локалните медиуми јавуваат дека во Љубљана ветерот бил со брзина од над 100 километри на час, а повеќе лица се повредени.
Словенската Н1 јавува дека пожарникарите имале 23 интервенции, а сите екипи биле на терен.
На една станбена зграда, силниот ветер го однел покривот. Штета имало во уште еден објект.
Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута.
Kranj SLO pic.twitter.com/kdkljVSByx
— Jale (@Jasminpasic7) August 18, 2022


