Сите сакаат да ја „слушнат“ Меркел
Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.

Објект на прислушувањето бил еден од мобилните телефони на канцеларката, кој немал криптографска заштита, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван функционер на германските безбедносни служби.
Според него, зградата каде што се наоѓа федералната канцеларија на Ангела Меркел, во центарот на Берлин, со огромниот простор околу неа, без какви било пречки, „од технолошки аспект е одлично место за пресретнување на сигналот на мобилната телефонија“.
Германскиот неделник тврди и дека странските тајни служби минатата година се обиделе да врбуваат над 100 германски политичари, функционери, воени лица, научници и бизнисмени како свои шпиони. Најактивни биле руските агенти.
{loadposition content9}