Ескалацијата на воениот конфликт меѓу Израел, САД и Иран веќе предизвикува сериозни потреси на глобалните енергетски пазари. Аналитичарите предупредуваат дека, доколку кризата дополнително ескалира, можно е цената да ја надмине психолошката граница од 100 долари за барел, поради стравувањата од прекини во снабдувањето, пренесува Ројтерс.
Американската сурова нафта поскапе за околу 8 долари за барел, или 12 проценти, а во недела навечер, на отворањето на фјучерс тргувањето, достигна околу 75 долари. Брент, меѓународната референтна цена на нафтата, скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 долари за барел. Во петокот, Брент ја затвори трговијата на нешто над 73 долари. Причината за стравот не е само самиот напад, туку ризикот од подолги нарушувања во испораките и пловидбата низ Хормушкиот теснец. Според американската ЕИА, низ овој теснец минува околу една петтина од глобалната потрошувачка на нафта и нафтени деривати, што го прави еден од најкритичните енергетски коридори во светот.
Во исто време, фјучерсите на акциите нагло паднаа. Фјучерсите на индексите S&P 500, Nasdaq и Dow Jones паднаа за повеќе од 1 процент. Од друга страна, фјучерс договорите за акции на Exxon, Chevron и други нафтени компании пораснаа за околу 2 проценти.