Skip to main content

Словенија не ги блокира преговорите меѓу ЕУ и Загреб

Словенија не е виновна за наводната блокада на шест преговарачки поглавја меѓу Европската комисија и Хрватска, туку до застој е дојдено поради обидот на Загреб „да внесе еднострани решенија и необични барања во европскиот преговарачки процес“.

 |  Крсте Голабовски  | 
znaminja
знамиња
Словенија не е виновна за наводната блокада на шест преговарачки поглавја меѓу Европската комисија и Хрватска, туку до застој е дојдено поради обидот на Загреб „да внесе еднострани решенија и необични барања во европскиот преговарачки процес“.

Ова е ставот со кој што вчера излезе словенечкото Министерство за надворешни работи како реакција на минатонеделното соопштение на хрватското Министерство за надворешни работи и евроинтеграција.

Словенечкото Министерство вчера посочи дека Хрватска не е блокирана во своите преговори со Европската унија, ниту дека вината за застој може да и се препише на Словенија.

„Хрватското Министерство за надворешни работи во своето соопштение и хрватскиот преговарач Владимир Дробњак изнесоа неколку неточни и невистините информации. Во хрватските преговори не дојде до блокада, а уште помалку до застој, за кои виновна би била Словенија. Хрватските преговори се релативно бавни затоа што таа држава има тешкотии со исполнувањето на барањата на организацијата во која што сака да влезе. А како што е познато, Словенија е членка на таа организација“, се наведува во соопштението од словенечкото Министерство.

Понатаму во соопштението се тврди дека документите, на кои во преговарачкиот процес се повикува Хрватска „ја прејудицираат границата“.

Bledsko ezeroХрватското Министерство минатиот вторник во соопштение за јавноста излезе со реакција на документ за словенечката резервираност во однос на отворањето на некои преговарачки поглавја во преговорите на Хрватска со ЕК што го објави Словенечката национална телевизија.

Хрватското Министерство наведе дека во ниту едно од пристапните поглавја, Хрватска не ја прејудицира границата со Словенија и оти таквите тврдења од словенечкиот документ „не се засновани врз факти и врз реалната состојба“.

Двете поранешни југословенски републики се уште немаат постигнато конечен договор за копнената и морската граница, откако стекнаа независност во 1991 година.

Од почетокот на преговорите со ЕУ во октомври 2005 година, Хрватска отвори 21 преговарачки поглавја, од кои четири веќе се затворени.

 

{loadposition content9}