Skip to main content

Случајно легализирање на бројни видови дроги во Ирска

Во Ирска вчера случајно се легализирани екстази, кетамин и бројни други дроги

 |  инфодеск  | 

Дупката во законот за легално користење на поедини дроги во Ирска се створила кога Ирскиот уставен суд во вторникот го прогласи законот за злоупотреби на дрога од 1977 година за неуставен, бидејќи домовите од ирскиот парламент не се договориле околу новите дополнувања на законот, што значи дека дрогите кои законот од 1977 година ги забранил, сега се легални, јавува BBC.

Ирскиот министер за здравство се обидува да ја спаси оваа ситуација барајќи итно да се изгласаат доплнувањата на законот за повторно истиот да стапи на сила.

“Сега е важно за јавното здравство и право да се реши оваа состојба што е можно побрзо”, рекол портпаролот на Владата.

Во законот кој е во моментот вон сила се вклучени 100 видови на дроги кои лесно можат да предизвикаат смрт.

{loadposition content9}