Еве што се случува во нашиот мозок по испиена шоља кафе
Со пиење на кафе во мозокот се случуваат интересни хемиски процеси

Многумина се уверени дека без утринска шоља кафе се потполно неспособни за извршување на секојдневните активности, но се чини дека вистината е сепак поинаква.
Имено, научниците дошле до заклучок дека кофеинот по својата хемиска структура е многу сличен на аденозинот – хемиска врска која се наоѓа во нашиот мозок. Кога сме будни аденозинот се насобира – што повеќе го има тоа повеќе стануваме заморени.
Кога ќе испиеме шоља кафе аденозинот се спојува со кофеинот, поради што аденозинот го менува својот состав и тоа резултира со стопирање на чувството за замор. Меѓутоа тоа функционира само во случај на помали количини на кофеин, бидејќи со претерано внесување на кофеин се постигнува контраефект – нашиот мозок создава повеќе аденозин поради кој стануваме сѐ повеќе уморни.
Тогаш имаме потреба за нова доза на кофеин и така се влегува во магичен круг од кој може да се извлечеме само со квалитетно спиење.
Научниците заклучиле дека 400 милиграми кофеин е најсигурна дневна доза за возрасни луѓе, односно три шољи.
{loadposition content9}




