Skip to main content

Снег со жолт прав ја прекри југозападна Бугарија

Југозападниот дел на Бугарија денеска го прекри „жолт“ снег, кој во себе содржи прашина од пустината Сахара, соопшти Хидрометеоролошкиот институт при Бугарската академија на науките.

 |  Маја Савиќ  | 
zolt sneg
жолт снег
zolt snegЈугозападниот дел на Бугарија денеска го прекри „жолт“ снег, кој во себе содржи прашина од пустината Сахара, соопшти Хидрометеоролошкиот институт при Бугарската академија на науките

Според Инстиутот, снегот со сахарски прав се очекува во текот на денот да се прошири и во источните делови на Бугарија.

Бугарскиот медиуми јавуваат дека „жолтиот“ снег претставува вистинска туристича атракција во скијачките центри.

Бугарскиот Хидрометеоролошки институт информира дека се очекува снежните врнежи во Бугарија да се интензивираат во текот на претстојната ноќ.

Грчките медиуми препладнево јавија дека песок од Сахара го покрил небото над Грција, која беше зафатена од песочна бура, силен ветар, дожд, висока влажност на воздухот и снежни врнежи во северните делови.


{loadposition content9}