Снежната бура продолжува да беснее на североисток од САД
Повеќе од 600.000 лица останале без електрична енергија во североисточниот дел на САД, а илјадници летови се откажани што предизвика вистински хаос за милиони патници.
Повеќе од 600.000 лица останале без електрична енергија во североисточниот дел на САД, а илјадници летови се откажани што предизвика вистински хаос за милиони патници.
Поради силниот ветер и мразот соборени се голем број дрвја како и електрични кабли.
Во Њу Џерси и Њујорк прогласена е вонредна состојба каде што помалите резерви на сол се користат за топење на мразот.
До крајот на јануари во Њу Џерси веќе се потрошени 277.000 тони со што е за 18.000 повеќе за разлика од претходната зима. Од невремето погодени се и Пенсилванија и Конектикат.
Само во текот на вчерашниот ден се откажани повеќе од 3.000 летови, а 7.000 доцнеле. Најтешко погодени се аеродромите во Бостон, Њујорк и Чикаго.
{loadposition content9}