Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba.
Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.
За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.
По добиените информации дека при редовната проверка на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, било утврдено оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истражен тим, во присуство на службеници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ – се вели во соопштението.
Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување, како и безбедноста на леталото за понатамошен лет.
Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент.