Skip to main content

Со шампањ, музика и цвеќе се слави уривање дивоградби во Макарска

Во заливот Вруја со години незаконски градел инвеститор близок до властите, а незадоволните граѓани организираа Фестивал на бесправно градење и пустошење на природата за да предупредат на самоволието на инвеститорите и бескрајната инертност на државата да го запре уништувањето на природните убавини.
 |  инфодеск  | 
уривање дивоградби Макарска

Денес започна уривањето на седум дивоизградени објекти во заливот Вруја кај Макарска, изградени од бизнисменот Стипе Латковиќ. На терен од утрово започнаа со работа багери и камиони, а пристигна и полиција.

Активистите кои со години бараат уривање на дивоградбите, армираните бетонски ѕидови во заливот, надоградбите на постојни стари мали куќи, денеска наздравија со шампањ и музика на пристапниот пат до локацијата.


„Зеленилото во заливот беше опустошено, исчезна во многу необичен пожар. После тоа господинот Латковиќ изгради пат. Ја започнавме акцијата за пошумување и очекуваме да се врати во првобитната состојба“, изјави еден од активистите за хрватските медиуми.

Меѓу дивоградбите што се изградени меѓу другото има станови, кула, два километри пат, винарска визба, вели тој.


Деновиве максимално е забрзан процесот на отстранување на дивоизградените објекти во Вруја, а сопственикот на објектите е казнет со над 370 илјади евра.
Во јули минатата година на Вруја се одржа вториот „Фестивал на дивоградба и пустошење на природата“ на кој се собраа демонстранти кои бараа уривање на дивоградбите на поморскиот имот и државно земјиште во заливот помеѓу Писко и Брел.
Во текот на последните четири години, извршени се повеќе од 32.000 инспекции и започнати се над 7.000 постапки за уривање низ цела Хрватска, кои се во тек.

Извор: Индекс.хр