Социјалните мрежи им ја олеснуваат работата на арамиите
Размислете пред да ставите фотографии на социјалните мрежи
Пред да одлучите на Facebook да поставите фтографии од одморот, размислете кој сѐ би можел да ги види и дали потенцијален арамија тоа би можел да го искористи бидејќи вашиот дом во тие моменти е привлечен за грабеж.
Арамиите ги користат Facebook, Twitter и слични социјални мрежи, предупредува Wolfgang Balders од одделението за спречување криминал во Келн. Затоа најдобро е на деталите од вашето летување или зимување на социјалните мрежи да ставите што помалку податоци.
“Датуми и географски податоци не ставајте на страниците на интернет”, предупредува Balders и вели дека важно и какви фотографии ставате. “Ако на фотографијата е цела фамилија, арамијата е поприлично сигурен дека вашиот дом е празен”.
Facebook нуди опција да изберете кој ќе ги види фотографиите, но такви опции на Twitter и Instagram нема и затоа со тие социјални мрежи треба да се биде внимателен.
Општо земено, најдобра опција е фотографиите да се постават по враќањето од одмор, но притоа не заборавајте на сето ова да ги предупредите и вашите деца. За нив би требало да важат истите правила.


