Skip to main content

Солана во посета на Прага

Подготовките за неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветен на Западниот Балкан ќе бидат централна тема на денешната посета на Високиот претставник на Европската унија Хавиер Солана на Чешка.

 |  Крсте Голабовски  | 
Javier Solana
Хавиер Солана
Подготовките за неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветен на Западниот Балкан ќе бидат централна тема на денешната посета на Високиот претставник на Европската унија Хавиер Солана на Чешка.

PragaНеформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на унијата треба да се одржи на 27 и на 28 март во замокот Хлубока над Влтава.

Солана пред посетата на Прага оцени дека Балканот непосредно пред 10 годишнината од бомбардирањето на Југославија е сосема поинаков регион, кој е на добар пат кон Европската унија (ЕУ) и НАТО.

„Неколку балкански земји влегоа во ЕУ, други се кандидати. Повеќето се институционално поврзани со ЕУ и НАТО“, рече Солана изразувајќи надеж дека за некое време балканските пријатели ќе се приближат уште повеќе.

 

 

 

 

{loadposition content9}