Skip to main content

Солидарен мрак во Токио

Најосветлениот град на светот викендов остана речиси во комплетен мрак, но не затоа што во земјотресот колабираше јапонската електро мрежа, туку заради солидарноста на жителите на Токио со остатокот од земјата.

 |  Маја Савиќ  | 
tokio
токио во мрак

Заради предупредувањата од можно затемнување и обидите за минимизирање на потрошувачката на струја, Токио за викендот остана без дел од препознатливото и спектакуларно неонско светло.

Иако не западнал во комплетен мрак, светлата на неколку обележја на 35-милионскиот мегалополис, меѓу кои 332,5 метри високата Кула Токио, биле изгаснати а „одморени“ биле и речиси сите халуциногените неонки во населбите Шинјоку и Гинза.

Иако беше викенд, голем дел од кината и караоке баровите, по препорака на Владата ги исклучиле светлата а на минимално осветлување се ставиле и двата најголеми продажни ланци во градот, Lawson и 7-eleven.

Во време кога Јапонија се соочи со неверојатна катастрофа, доброволното штедење на енергија стана еден начин на покажување на солидарност со жртвите на ужасниот земјотрес.

{loadposition content9}