Skip to main content

Сончевите бури ќе ги гасат мобилните

Сонцето го емитуваше најсилниот бран радијација во последните четири години, кој би можел да предизвика пречки во работењето на телекомуникациските системи на Земјата, соопштија денеска научниците.

 |  Маја Савиќ  | 
sonce
сонце

sonceva buraВселенскиот брод на Соларната динамична опсерваторија на НАСА регистрираше интензивна ерупција на ултравиолетова радијација од една сончева дамка. Британскиот институт за геологија објави предупредување за геомагнетна бура и наведе дека во северниот дел на Велика Британија на небото би можела да се види поларна светлина.

Ерупцијата на радијација во правец кон Земјата е забележана вчера во 3:56 часот по средноевропско време.

Овие ерупции на Сонцето можат да ја пореметат работата на современите телекомуникациски уреди на Земјата. Научниците очекуваат продолжување на соларната активност и во следните денови и тврдат дека Сонцето се буди по повеќегодишно мирување.

{loadposition content9}