Skip to main content

Соња Сотомајор врховен судија на САД

Американскиот Сенат го потврди изборот на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд, со што постана прва особа од латиноамериканско потекло во највисокото судско тело на САД.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sotomajor i Obama
Сотомајор и Обама
Американскиот Сенат го потврди изборот на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд, со што постана прва особа од латиноамериканско потекло во највисокото судско тело на САД. Сотомајор (55) потекнува од Порторико, а беше номинирана лично од претседателот Брак Обама.

Sotomajor i ObamaДебатата за потврдување на изборот на Сотомајор, трае од 13 јули и беше одбележана со долга расправија помеѓу Демократите и Републиканците.
Додека Демократите сметаат дека Сотомајор е умерена, Републиканците мислат дека таа е пристрасна и ќе протежира многу либерални ставови.

Судиите во Врховниот суд се бираат доживотно, а Сотомајор е само третата жена во американската историја избрана на таа функција.








{loadposition content9}