Skip to main content

Sony предупредува: “не ги употребувајте нашите телефони под вода”

Водоотпорноста беше клучно маркетиншко оружје, но…

 |  инфодеск  | 

Иако водоотпорноста беше клучно маркетиншко оружје во продажбата на Xperia Z5, од Sony стигна соопштение дека ќе ја поништат гаранцијата за секој телефон кој корисниците ќе го користат под вода. Во целата фамилија Xperia, смартфонот Z5 има најголем IP68 ранг за отпорност на вода и прав, а тоа значи дека е тестиран 30 минути на длабочина од 1,5 метри.

Но, од Sony предупредуваат дека станува збор за тестови во лабораториски услови во кои уредот бил во standby мод. Со други зборови, Sony не ја гарантира исправноста на уредот ако корисниците за фотографирање и снимање го користат под вода или на некој друг начин.

“Постојат многу фактори кои при тестирање не ги зедовме во предвид. Токму од тие причини не препорачуваме користење на Z5 под вода”, напишал претставникот на Sony на еден од форумите.

Постојат и дополнителни упатства за сите три нови модели на Xperia Z5 во кои се наведува дека уредот не смее во потполност да се става во вода, ниту да се изложува на морска вода, како ни во вода која содржи поголеми количини на хлор, а забрането е да се изложува и на било која друга течност.