Skip to main content

Сопственикот на брендот Nutella се шири со имот во регионот

Ferrero купи 700 хектари во соседството за одгледување лешници

 |  инфодеск  | 

Италијанскиот кондиторски џин Ferrero, познат по брендот Nutella, купи имот од земјоделското претпријатие Алекса Шантиќ, покрај Сомбор, за 7,95 милиони евра, соопшти Агенцијата за приватизација на Србија.

Станува збор за земјоделско земјиште со вкупна површина од 699,5 хектари со пропратни објекти, а купувачот е компанијата Agriser од Белград, чиј сопственик е Ferrero. Спрема наводите на Радиотелевизија Војводина, Agriser понудил во следните две години да инвестира во насади на лешници на сите 700 хектари.

Спрема очекувањата на Италијаните на производство на лешници би можеле да се вработат дури 1.000 работници по потпишување на договорите со кооперантите, а големата плантажа која ја купи Ferrero ќе ги удвои насадите на лешници во Србија. Србија минатата година со Ferrero потпиша меморандум за разбирање, основање на сопствено производство и воспоставување на партнерски однос со земјоделските производители на подрачјето на средна и јужна Србија.

Италијанската фирма ќе ги обезбеди садниците по знатно поволни цени, додека српското земјоделие ќе учествува во надокнада на трошоците за набавка на садниците со субвенции на каматните стапки на кредитите од банките. Со овој проект е предвидено садниците на лешник во Србија од сегашните 1000 да се зголеми на 10.000 хектари до 2020 година. Најмногу од лешниците ќе ги откупува Ferrero, додека преостанатите количини српските производители лесно ќе ги пласираат на домашниот и странски пазар.

{loadposition content9}