Skip to main content

Шпанците масовно на протести поради невработеноста

Повеќе илјади Шпанци вчера излегоа на улиците низ државата за да го одбележат вториот роденден на движењето „Огорчени“, формирано од протестите поради економската нееднаквост и невработеноста.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti spanija
протести шпанија

Повеќе илјади Шпанци вчера излегоа на улиците низ државата за да го одбележат вториот роденден на движењето „Огорчени“, формирано од протестите поради економската нееднаквост и невработеноста.

protesti spanijaСимпатизерите се собраа во Мадрид, Барселона и уште триесетина градови ширум Шпанија за да го искажат своето незадоволство против владините мерки.

На централниот плоштад во Мадрид „Пуерта дел Сол“, демонстрантите носеа пароли „Борбата продолжува“, „Доколку сме заедно тоа е возможно“, пренесе француската агенција „Франс прес“.

Еден од учесниците на протестот изјавил дека владата го прави она што Германија, ММФ и Европската централна банка ќе и речат, пренесе агенцијата.

Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој се надева дека благодарение на политиката на новите мерки за штедење до 2014 година ќе имаат заштеда од околу 150 милијарди евра.

Околу 6,2 милиона шпанци се без работа, со што стапката на невработеност во првиот квартал од годинава достигна рекордно ниво од 27,2 проценти.

{loadposition content9}