Skip to main content

Шпанија одби политички азил за синот на Бин Ладен

Шпанија одби да му даде политички азил на Омар бин Ладен, еден од синовите на водачот на терористичката Ал Каеда, Осама бин Ладен.

 |  Крсте Голабовски  | 
Omar i Osama
Омар и Осама
Шпанија одби да му даде политички азил на Омар бин Ладен, еден од синовите на водачот на терористичката Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Шпанија смета дека безбедноста на Омар на Блискиот исток не е загрозена, како што тој тврди.

„Причините кои ги наведе не се уверливи дека неговиот живот е во опасност”, изјави синоќа неименуван шпански извор, цитиран од западните агенции.

Omar Bin LadenПортпаролот на шпанското Министерство за надворешни работи не можеше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира информацијата.

Омар бин Ладен (28), кој најчесто престојува во Египет и има саудиски пасош, побара политички азил во Шпанија, при неговиот транзит на патувањето од Каиро во Казабланка

Според шпанските закони, Омар бин Ладен може да вложи жалба на одлуката.

 

{loadposition content9}