Со спектакуларен огномет и присуство на целиот политички врв на Хрватска и многу странски гости синоќа е пуштен во употреба 2,4 километри долгиот Мост Пељешац.
Мостот кон Пељешац е еден од најголемите проекти во ЕУ и најголем во Хрватска финансиран од Унијата, официјално беше отворен во вторникот вечерта, а на полноќ започна редовниот сообраќај преку мостот што го поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата.

Целодневната празнична програма, која се одвиваше од двете страни на мостот, кај почивалиштата Бријесто и Комарно, заврши со изведба на Химната на слободата и голем огномет, а потоа и свеченото отворање на 2.404 метри – долгиот мост, вреден околу 420 милиони евра.
Инаку, мостот е поставен на дванаесет столбови и два потпора, како што се нарекуваат почетна и крајна потпора на копното, Пељешкиот мост со вкупна должина од 2,4 километри ќе ги поврзува хрватскиот север и југ.


За време на огнометот, преку мостот поминаа два автомобили од хрватско производство – електричната Невера на Мате Римац и автомобил „конструиран“ од познатиот автомобилски ас Нико Пулиќ, сето тоа придружено со звукот на дубровничките тромбонисти и биењето на сите црковни ѕвона во Дубровничката епархија.