Skip to main content

Казни за несоодветно однесување на туристите

Сплит нема да ги толерира разузданите туристи, воведува казни

Покрај полицијата, однесувањето на туристите, јавниот ред и мир, ќе ги надгледува и градско обезбедување.
 |  инфодеск  | 
Сплит туристи


И официјално ,Сплит воведе конкретни казни за оние туристи кои мислат дека можат да ги отпуштат сите сопирачки кога ќе пристигнат на хрватското приморје. 300 евра за уринирање на јавна површини, како пример. Покрај полицијата, безбедноста ќе ја надгледува и градот. Жителите на центарот можат само да се надеваат дека тоа ќе донесе барем одредена контрола.

Сплиќани кои живеат во центарот, особено во близина на ноќните клубови, секојдневно се жалат на градските власти за сцените кои ги гледаат со туристи, посебно млади луѓе, како и бучавата, уринирање во влезови на згради и дворови, спиење по паркови и улици, шетање по оскудни бикини, фрлање отпадоци насекаде .

„Работиме на одлука врз основа на Законот за јавен ред и мир. Мокрење, повраќање, качување по споменици, фрлање во фонтани, казната е 300 евра“, изјави Бојан Ивошевиќ, заменик градоначалник на Сплит.
Градот воведува и десет обезбедувачи кои ќе им помагаат на општинските редари и на полицијата.