Skip to main content

“Споделете ја фотографијата и Bill Gates ќе ви подари 5000 долари”

Неколку месеци на Фејсбук кружи оваа фотографија, но…

 |  инфодеск  | 

“Како што знаете јас сум Bill Gates. Ако кликнете и ја споделите фотографијата ќе ви подарам 5000 долари. Време е да почнам да им враќам на луѓето”, пишува во пораката, која ја држи Bill Gates, која кружи по интернет неколку месеци, а очигледно многу луѓе се измамиле и поверувале.

Иако фотографијата од самиот почеток изнудила бројни сомнежи во вистинитоста на пораката, стотици илјади корисници на Фејсбук ја споделило, а тоа го прават и понатаму.

Имено, се работи за фотографија објавена на социјалната мрежа Reddit, каде некој од забава извршил фотошоп и наместо изворната: “Здраво Reddit, јас сум Bill Gates”, ставил порака за тоа како Gates дава долари за споделување на сликата.

Ова не може ништо да му наштети на вашиот компјутер, во смисол некаков вирус, ниту е наменето за измама како би ви зел пари, туку е наменето за ширење на дезинформации, таканаречена “бучава” на интернет.

Токму вакви фотографии покажуваат колку луѓето му веруваат на интернетот и информациите од интернет, и докажуваат дека постои голема доверба помеѓу луѓето и компјутерите, и дека без размислување се споделуваат пораките со своите пријатели без да ја проверат точноста на информацијата која ја пренесуваат.

Иако конкретно оваа порака не претставува опасност, прашање на време е кога ќе се појави некоја слична со далеку поголеми последици. Затоа бидете внимателни што споделувате.

{loadposition content9}