
Централната разузнавачка агенција објави дека пандемијата КОВИД-19 е поверојатно да потекнува од лабораторија отколку од животни.
Сè уште не е јасно до кој степен агенцијата собрала нови разузнавачки информации за потеклото на ковид вирусот и дали тие нови докази биле користени за формулирање на најновата проценка. Одлуката за објавување на оваа проценка е една од првите донесени од новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, кој беше назначен од Доналд Трамп. Сепак, официјални лица за американските медиуми изјавиле дека новата проценка не се заснова на нови разузнавачки информации, туку е резултат на истражувања од претходната администрација на Трамп. Проценката, наводно, била нарачана во последните недели од администрацијата на Бајден и завршена пред Трамп да ја преземе функцијата.
Во март 2021 година, извештајот на Светската здравствена организација заклучи дека најверојатно потеклото на КОВИД-19 е преносот од лилјак на луѓе преку неидентификуван среден животински вид.
