Skip to main content

Борбени авиони

Србија планира да набави 12 Рафали

Србија е во преговори со Франција за купување на најмалку 12 нови борбени авиони „Рафал“, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
 |  инфодеск  | 
Авион рафал

Србија планира да набави француски борбени авиони од типот „Рафал“. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинската агенција Ројтерс. Тоа се оценува како нов знак дека Белград се дистанцира од традиционалниот снабдувач на оружје и сојузник Русија“.

Се преговара за купување на 12 нови авиони, а со друга земја сме во разговори за набавка на дополнителни 12 половни авиони од истиот тип – посочи српскиот претседател.

Како што наведува францускиот весник Трибјун, разговори најпрво биле водени за шест авиони, а потоа за 12 нови летала.

Компанијата „Дешалт евиејшн“ својата понуда на српското министерство за одбрана ја предала на почетокот на март, а набавката на нови борбени авиони би ѝ овозможила на Србија да ја модернизира својата флота, составена главно од стари „мигови“.

Ројтерс во исто време потсетува дека Србија пред три години го купи „Мистрал“ францускиот систем на ракети земја-воздух, а во 2016 година таа од Франција набави и неколку хеликоптери од марката „Ербас“.

Заинтересирани сме да го купиме Рафал, бараме најдобар начин да ги купиме, а притоа да не ги загрозиме нашите јавни финансии – додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека Белград размислува и за купување на други авиони со цел да ги заменат воените летала произведени во поранешна Југославија.