Србија преговара со ММФ за нов аранжман
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) денеска во Белград ги започнува преговорите за склопување на нов аранжман со Србија.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) денеска во Белград ги започнува преговорите за склопување на нов аранжман со Србија.
Ако Мисијата на ММФ со Владата на Србија постигне договор за новиот аранжман, со него ќе биде заменет постоечкиот аранжман на Србија со таа меѓународна финансиска институција.
Овој аранжман беше договорен од претпазливост во ноември 2008. година и одобрен во јануари 2009. година, во вредност од 402,5 милиони евра и во траење од 15 месеци.
Досега Србија не повлекуваше пари врз основа на тој аранжман, но е проценето дека поради економската криза ќе биде потребен нов, редовен кредитен аранжман со ММФ, што ќе овозможи поголема финансиска поддршка на девизните резерви на земјата.
Не е прецизирано кој износ од кредитот Србија ќе го бара од ММФ врз основа на новиот аранжман, но се очекува оваа позајмица да не биде помала од две милијарди евра.

{loadposition content9}