Skip to main content

Србија протестира пред Советот за безбедност

Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sovet za bezbednost
Совет за безбедност
Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово.

Ова го јавија белградските гласила, повикувајќи се на српското Министерство за надворешни работи.

Sovet za bezbednost“Србија оценува дека во случај на намалување на буџетот и членови на УНМИК би била загрозена способноста на мисијата да администрира со покраината, и да го спроведе планот на Белград и ООН во шест точки“, се наведува во писмото доставено до СБ.

Белград, од СБ на ООН, побара да преземе соодветни мерки за да се стабилизира ситуацијата околу УНМИК и да се обезбеди примена на мандатот на оваа Мисија, во согласност со резолуцијата 1244 на СБ во ООН, од јуни 1999 година.

 

{loadposition content9}