Благодарност до Хрватска и нејзините граѓани за солидарноста и помошта во соочувањето во незапамтените поплави во Србија, се наведува во соопштението на српската амбасада во Загреб.
„Во името на владата на Република Србија и на сите нејзини граѓани многу сме благодарни на владата на Република Хрватска на брзата реакција и искажаната спремност да помогнат. Овој гест има додатна важност имајќи во предвид дека и самата Хрватска се соочува со поплави на својата територија. Уверени сме дека чинот на искажаната солидарност, граѓаните на Србија ќе знаат да го ценат“, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на амбасадата.
Амбасадата ги повикиува сите луѓе кои се во можност, поединци и стопанственици да помогнат. Амбасадата и генералните конзулати во Ријека и Вуковар се во непрекинато дежурство и се спремни да прифатат секаков вид на помош. Во овој момент на загрозените ширум Србија најпотребно им е вода, конзервирана храна, детска облека, средства за хигиена и дезинфекција, постелнина и пелени за деца и возрасни.
Отворена е и посебна жиро-сметка за парични уплати, наведува српската амбасада.
{loadposition content9}