Утринава едно лице загина во Хрватска, откако било застрелано на една од плажите покрај популарниот Зрче, по што полицијата ги објави деталите.
Државјанинот на Србија со огнено оружје го погодил државјанинот на Црна Гора, кој потоа починал на пат кон болница, пренесуваат медиумите.
Запознаен сум со инцидентот, но засега не можам да откривам други детали. Кога ќе дознаеме повеќе од истрагата, ќе ја известиме јавноста – соопшти началникот Шиме Глигор.
Очевидци наведуваат дека не се знае причината за конфликтот меѓу србинот и црногорецот во Хрватска.
Истрагата е во тек за да се утврдат сите факти и околности на настанот, пренесе Блиц.рс.