Skip to main content

Србите трошат по еден кондом годишно

Во Србија годишно се троши само 1,42 кондоми по глава на жител, покажува најновото истражување на „Дурекс“, јавува Блиц.

 |  Маја Савиќ  | 
kondom
кондом o.k.
kondomВо Србија годишно се троши само 1,42 кондоми по глава на жител, покажува најновото истражување на „Дурекс“, јавува Блиц.

Иако 64,5 отсто од испитаниците во најновото истражување се загрижени поради евентуалната зараза со ХИВ, Србија на табелата се наоѓа непосредно под Индија и Тајланд, а малку над Турција и Филипини.

Грижата за заштита во земјите во регионот е двојно поголема, па така во соседна Бугарија, која има сличен број на жители, се продаваат 3,53 презервативи по глава на жител, во Унгарија 3,07 парчиња, а во Хрватска се трошат 2,61 кондом по глава на жител.

Истражувањето на „Дурекс“ покажало дека останатите полови болести, вклучувајќи ја и сидата, ги загрижуваат 16,8 отсто од испитаниците.

И покрај високиот процент на стравот од сида и други болести кои се пренесуваат по полов пат, едвај половина од испитаниците, односно 52,1 отсто користат кондоми како вид на заштита и контрацепција.


{loadposition content9}