Skip to main content

Средба на шефови на дипломатии на Словенија и Хрватска

Шефовите на дипломатии на Хрватска и на Словенија денеска во Брисел ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување на ЕУ за предлогот за посредување на ЕУ во граничниот спор, најавено е синоќа во Загреб.

 |  Крсте Голабовски  | 
Borut Pahor
Борут Пахор
Шефовите на дипломатии на Хрватска и на Словенија денеска во Брисел ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување на ЕУ за предлогот за посредување на ЕУ во граничниот спор, најавено е синоќа во Загреб.

Министрите Гордан Јандроковиќ и Самуел Жбогар ќе разговараат со европретставникот Оли Рен за деблокирање на хрватските пристапни преговори во Унијата поради спорот со границата.

Pahor Solana“На состанокот ќе го појасниме хрватскиот одговор на предлогот за медијација“, изјави портпаролот на хрватското Министерство за надворешни работи Марио Драгун.

И двете држави начелно ја прифатија иницијативата на Рен, стручна група на чело со бившиот фински претседател Марти Ахтисари, да помогне во решавањето на граничниот спор и деблокада на хрватските пристапни преговори.

 

 

 

{loadposition content9}