Како што пишува Blic.rs српските фолк ѕвезди се во паника откако се уапсени Татјана Миоковиќ и нејзиниот сопруг под сомнение дека се дел на меѓународна автомафија. Татјана, дамата од високото друштво како што била нарекувана, е добра пријателка со половина српски фолкери меѓу кои попознати се имињата како Лепа Брена, Саша Поповиќ и Аца Лукас.
Како водач на српскиот огранок на автомафијата, полицијата го наведува сопругот на Татјана, Зоран Јанковиќ. Тие, со уште 27 лица се уапсени во големата меѓународна полициска акција во која се одземени 27 луксузни автомобили.
Извори блиски до Татјана и Зоран тврдат дека естрадата е во паника бидејќи никој не знае кој од нив купувал украдени автомобили, а кој легални. Татјана секогаш живеела на висока нога, а на тој начин ги запознавала луѓето од самиот врв на српската естрада. Помеѓу нив се проширила мрежата на контакти и многу е веројатно на некои од нив да им продала автомобили кои се украдени.
Интересно е тоа дека српските ѕвезди не го одрекуваат познанството со осомничените, но вешто се оградуваат со објаснувања дека ги знаат само површно и дека само неколку пати биле во друштво со нив.
Останува да се причека дали некој од украдените автомобили ќе се пронајде во гаражите на познатите српски фаци.