Српски војници ќе ловат сомалиски пирати
Во борбата против пиратите на брегот од Сомалија, во почетокот на идната година ќе се приклучат и припадници на српската војска.
Со тоа војската на Србија активно ќе се вклучи во првата самостојна воена операција на поморскте сили на Европската Унија „Атланта“.
Речиси две години трае ова антипиратска мисија на ЕУ. Српската војска ќе биде застапена заедно со контигентите на Холандија, Шпанија, Германија, Франција, Грција, Италлија, Шведска, Белгија и Луксембург.
Подраќјето кое што треба да се контролира изнесува дури 5 милиони километри квадратни што е исто колку и вкупната површина на Европската Унија.
Во акцијата ќе учествуваат околу 180 војници и повеќе од 20 бродови и авини. Се уште не се знае во чии бродови ќе се наоѓаат српските војници, но се шпекулира дека ќе бидат на француските или грчките бродови.
Војниците кои ќе бидат вклучени во оваа мисија смееат да користат оружје, да ги запленуваат пиратските бродови, но не смеаат да делуваат на копно туку исклучиво на море.
{loadposition content9}