Штајнмаер ќе го замени Солана
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер од Социјалдемократската партија е еден од можните кандидати за местото висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, бидејќи Хавиер Солана во октомври заминува од функцијата, тврди германски „Велт“.

Весниот пишува дека шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт веќе со месеци „зад кулисите“, работи на тоа да го наследи Солана, но и дека „во предвид доаѓаат и Штајнмаер и поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштат“.
При тоа се додава дека социјалдемократите на Штајнмаер, во случајот тој да замине во Брисел, би морале да се откажат од местото шеф на дипломатијата.
„Велт“ потсети дека Солана минатиот викенд најави повлекување, оценувајќи дека тој „повеќе нема никакви шанси шпанската Влада повторно да го номинира за работата“.
Солана „со задоволство би сакал да стане прв шеф на дипломатијата на ЕУ, но времето е против него…“, наведува германскиот весник, додавајќи дека во Брисел се очекува оти тој би можел во иднина да работи во некоја инвестициска банка.
{loadposition content9}