Обврзувачките понуди за Телеком Словенија би требало да бидат предадени до крајот на оваа година, а најдобриот понудувач би бил избран, како што се очекува, на почетокот од идната година.
Во најтесниот круг за купување на 73% удел во Телеком Словенија влегоа Deutsche Telekom, за кој се вели дека е најсериозен купувач, и уште четири инвестициски фондови – американските Providence и Bain Capital и европските фондови Apax и Cinven, објавил во понеделникот Reuters кој се повикува на извори блиски на продажниот процес, а веста ја пренесла и словенечката агенција STA.
Неофицијално, словенечката влада е повеќе наклонета кон можноста во сопственичката структура на национален оператор да ја замени стратешки инвеститор како што е Deutsche Telekom кој има компании ќерки во соседните Хрватска и Унгарија, отколку можноста државниот удел да го купат инвестициски фондови, објавил Reuters, а се повикува на неофицијални извори, пренесуваат словенечките медиуми.
Словенечката влада, наведува Reuters, очекува конечна премијска понуда која ќе ја надмине берзанската вредност на Телеком Словенија, која моментално изнесува 955 милиони евра, и верува дека конечната понуда би можела да изнесува 1,6 милијарди евра.
{loadposition content9}