Директорот на фирмата ЈКП Стандард од Врбас, Србија, одлучил на вработените да им дава стимулација за шпиунирање.
Имено, на оние кои ќе пријават, фотографираат или снимаат свој колега во недозволени акции, месечната заработка ќе му се зголеми за 10%.
Колегите можат да се пријават ако не носат работна облека, ако се во некој угостителски објект за време на работното време или ако се надвор од работното место за извршување на приватни работи.
Одлуката, како што пишува Telegraf, за наградување на кодоши била поставена на огласна табла.
Синдикалниот лидер, Мирко Деретиќ, смета дека работниците, иако во тешка финансиска ситуација, не се спремни да ги пријавуваат колегите.
“Се прашувам и како би го правеле тоа. Мнозинството има обични мобилни телефони без камери, а немаат ни фотоапарати”, рекол Деретиќ.
{loadposition content9}