Skip to main content

Стипе Месиќ излезе со демант

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ демантираше дека го предупредил српскиот колега Борис Тадиќ оти врз него се подготвува атентат.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tadic i Mesic
Тадиќ и Месиќ
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ демантираше дека го предупредил српскиот колега Борис Тадиќ оти врз него се подготвува атентат.

Tadic i MesicМесиќ, реагирајќи на наводите изнесени во белградскиот весник Блиц, рече дека на средбата со Тадиќ, на маргините на енергетскиот самит во Софија, во април, го запознал српскиот претседател со дејствување криминална група, која била под истрага во Хрватска. На Тадиќ му предложил со тоа прашање да се позанимаваат и српските истражни служби и судови.

Претходно, Ратко Кнежевиќ, кум на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, изјави за Блиц дека Месиќ „му предал на Тадиќ материјали дека неговата безбедност е згрозена”.

Според Кнежевиќ, до тие сознанија се дошло во истрагата за убиството на сопственикот на хрватскиот неделник Национал, Иво Пуканиќ.


{loadposition content9}