Што се готви во српско-грчката кујна
„Грција сака дефинитивно прашањето со името на ПЈРМ да биде разрешен, а нашиот став и нашата национална црвена линија се јасни“.
„Грција сака дефинитивно прашањето со името на ПЈРМ да биде разрешен, а нашиот став и нашата национална црвена линија се јасни“.
Ова во интервју за весникот „Вечерње Новости“ го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој во понеделникот допатува во официјална посета на Србија.
„Презедовме важен чекор истакнувајќи дека ќе прифатиме име со географска одредница и очекуваме нашиот сосед да стори нешто слично, за да се најдеме на половина пат“, рече Папандреу.
Според него постојат две варијанти, „или ќе пронајдеме взаемно прифатливо решение во духот на блиска соработка, или ќе продолжиме да го обновуваме проблемот со заземање на екстремни ставови и правејќи ја националистичката и понекогаш и иредентистичка реторика наша секојдневна политичка храна.
Папандреу во интервјуто за „Вечерње Новости“ ја образложува и грчката иницијатива, според која западнот Балкан би требало во 2014 година да стане дел до европското семејство.
„Грција сака да биде моторна сила на европските интеграции во регионот. Покрај поддржувањето во напорите на нашите соседи да ги задоволат европските критериуми, ќе ги потсетуваме нашите партнери дека во ЕУ дека наша одговорност е овој голем мировен проект да го прошириме во земјите на југоисточна Европа“, рече Папандреу.
{loadposition content9}