Германскиот Volkswagen ја стопира продажбата на моделите Голф и Голф GTi, поради проблеми со управувачкиот систем, на американскиот и канадскиот пазар. Најавени се и повлекувања на веќе продадените модели поради наведениот проблем.
Компанијата објавила дека може да се јави проблем во предните стабилизатори кои не се прописно зацврстени па со тек на време можат да се одвојат.
Германската фирма ќе ги замени проблематичните делови на 750 возила ко се наоѓаат во салоните во Америка, односно 108 возила во застапништата во Канада, а додека не се направат поправките продажбата на овие возила е стопирана.
Покрај ова, Volkswagen ќе повлече 2001 возило од САД и 446 од Канада кои веќе се во употреба, поради решавање на истиот проблем. Интересно е тоа што германскиот гигант овој проблем го имаше и претходно.
{loadposition content9}