Новинар на првиот канал на руската државна телевизија, Анатолиј Клијан, е убиен на истокот на Украина, каде се во тек судири помеѓу проруските бунтовници и украинската војска.
Клијан снимал репортажа за регионот Доњецк, каде заедно со група на руски новинари отишол да снима разговори со мајките на војниците кои дошле да бараат од своите деца да се повлечат од подрачјата зафатени со конфликти.
“Штом се нашле на лице место, се слушнале истрели од оружје, а Анатолиј Клијан е смртно ранет во стомак”, навела руската државна телевизија.
Ранет е и возачот кој ги возел новинарите и тој е сместен во болница.
Клијан имал 68 години, а во својата 40 годишна кариера снимил голем број на репортажи во зони зафатени со конфликти.
Од почетокот на судирите, на истокот од Украина, страдале неколку новинари, меѓу кои двајца руски, кои се убиени во регионот Луганск на 17 јуни. Руската државна телевизија, за кои работеле, за нивното убиство ги обвини украинските сили, додека во мај, во регионот на Славјанск, беше убиен и италијанскиот новинар Андреа Рочели и неговиот асистент Андреј Миронов.
{loadposition content9}