Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.
За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени – се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува Ројтерс.