Западните разузнувачки служби издале предупредување од можни терористички напади, слични на оној од 11 септември 2001 година, откако исламските милитанти во Либија ја превзеле контролата над десетина комерцијални авиони.
Извештаите на разузнувачките служби, за проблемот со превземените патнички комерцијални авиони, се предадени и на американската влада за разгледување, со акцент на можноста дека некои од тие авиони би можел да се искористи за терористички напад на или околу 11 септември, кога е годишнината од терористичките напади во Њујорк, пренесува Washington Post.
“Постојат повеќе комерцијални патнички авиони во Либија кои исчезнаа. Откривме дека е можно сценарио слично на она од 11 септември”, истакнал анонимен американски функционер.
Во State Department одбиле да ги коментираат наведените извештаи, но еден од службениците на State Department се обидел да ги смири страстите велејќи дека американската влада тоа не може да го потврди.
Американските разузнувачки служби не ја потврдиле кражбата на комерцијални авиони, откако меѓународниот аеродром во Триполи е во рацете на исламските милитанти, и се обидуваат да ги лоцираат сите авиони кои се во сопственост на либиската национална компанија.
{loadposition content9}