Штрајк на британските музеи
Вработените во музеите и во галериите во Британија, вклучително и во најголемите туристички атракции какви што се Британскиот музеј и Националната галерија, ќе штрајкуваат поради намалени плати, пензии и укинување на работните места.

Лондонската Национална галерија, според AP, најавила дека некои од нејзините галерии денеска ќе бидат затворени, а некои настани откажани.
Синдикат на вработените пак, соопштил дека еднодневен штрајк в петок, меѓу другото, ќе биде организиран во Британскиот музеј, Музејот на националната историја, Музејот на Викторија и Алберт.
Вработените во институциите за Англиското наследство, вклучително и во Стоунхенџ, ќе штрајкуваат в недела.
{loadposition content9}