
Вчера, авион со 64 патници се урнал во реката Потомак во близина на Националниот аеродром Реган во Вашингтон после судар со воен хеликоптер во кој имало тројца војници. Бродови со нуркачки тимови го пребаруваат теренот, а спасувачките екипи трагаат по преживеани лица. Досега се пронајдени 19 тела. Авионот летал од Вичита кон Вашингтон, а хеликоптерот со кој се судрил бил на тренажен лет. Претходно во аудио снимка од летот се слуша како пилотите на воениот хеликоптер прашуваат дали имаат регионален авион во видик кој пристигнува на аеродромот.
На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат моментот на судирот. На една од нив јасно се гледа експлозијата како создадава голема огнена топка на небото.
Двајца руски лизгачи светски шампиони се наоѓале во патничкиот авион што се судри со хеликоптер на американската армија во близина на Вашингтон. И Американското уметничко лизгање потврди дека „неколку члена“ на нејзината заедница биле во авионот на Американ ерлајнс што се судри со хеликоптер во Вашингтон.
Најверојатно причина за сударот е човечка грешка.
Latest Свет
