Спортски настан кој заврши со стравичен судир на двата спортски авиони на кој сведочеа бројни гледачи.
Стравичниот судир на авионите се случил над Јадранското море, во близина на италијанскиот град Алба Адриатик.
Во оваа несреќа во неделата, на која сведочеле бројни граѓани кои биле на плажите, загинал еден пилот додека другиот успеал да се извлече и принудно да слета, јавува RT.
На фотографиите се гледаат двата авиони како летаат во формација еден над друг, но одеднаш авионот кој летал повисоко ја загубил висината и удрил во авионот кој летал пониско.
Во несреќата загинал 47 годишниот Marco Ricci кој удрил во површината на морето заедно со остатоците од леталото. Неговото тело било пронајдено во внатрешноста од авионот двосед кој потонал на околу 2 км од брегот.
Другиот пилот, 42 годишниот Luigi Wilmo Franceschetti, успеал да го исконтролира авионот до принудното слетување и поминал со полесни повреди.