Skip to main content

Калифорнија

Шумски пожар закана за стотина објекти

Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите во близина на границата со Невада.
 |  инфодеск  | 
Шумски пожар

Стотици домови и згради се загрозени од шумски пожар во северна Калифорнија во САД.

Официјални лица соопштија дека пожарот, кој избувна вчера попладне во близина на реката Јуба во регионот на Невада, за кратко време се прошири на повеќе од 202 хектари земјиште.

Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите во близина на границата со Невада.

Наредена е евакуација на околу 350 куќи и други објекти. Се прават обиди и од копно и од воздух за да се изгасне пожарот.